Куќен притвор за Доцевска и Дурловски, Пешевска ослободена од притвор

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара поблага мерка и за вработената во собраниските служби Елена Доцевска Божиновска. Оттаму поднеле барање до Освновниот суд Скопје 1 мерката притвор за Доцевска да биде заменета со мерка куќен притвор.

 

Претходно, Обвинителството соопшти дека доставило барање до Кривичниот суд во Скопје на пратеничката Жаклина Пешевска да и биде заменет куќниот притвор со мерки на претпазливост, а на Игор Дурловски притворот да му биде заменет со куќен притвор.

 

За останатите триесет и двајца осомничени Обвинителството останува на барањето за продолжување на претходно изречените мерки за обезбедување присуство и за непречено водење на кривичната постапка.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien