Познати играчите кои ќе настапат на годинешниот Ол-стар натпревар во „Стејплс центар“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print
Познати се сите 24 играчи кои ќе настапат на ревијалниот „Ол-стар“ натпревар чиј домаќин годинава ќе биде  „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес.
Леброн Џејмс и Стеф Кари кои во изборот добија најмногу гласови, а со тоа улогите на капитени на двата тима ги одбраа своите соиграчи за „Ол-стар“  натпреварот.
За разлика од досегашните натпревари во кои играчите беа поделени според припадноста на екипите во кои играат, во Источна или Западна конференција, овојпат тоа нема да биде случај, бидејќи на Џејмс и Кари им е дозволено да бираат соиграч од било која екипа.
Така, Леброн Џејмс кој имаше право прв да бира, го одбра соиграчот на Кари од Голден Стејт, Кевин Дурант, заедно со Ентони Дејвис, ДеМаркус Казинс и Кајри Ирвинг. Во „Леброн тимот“ ќе бидат и: Расел Вестбрук, Џон Вол, Ламаркус Олдриџ, Бредли Бил, Кевин Лав, Виктор Оладипо и Кристапс Порзингис.
На спротивната страна покрај Стив Кари почетната петорка ќе ја сочинуваат: Џејмс Харден, Демар Дероузен, Јанис Антетокумпо и Џоел Ембид. На клупата на тимот на „Кари“ ќе бидат и: Дамјан Лилард, Џими Батлер, Клеј Томпсон, Кајл Лоури, Дрејмонд Грин, Карл Ентони Таунс и Ал Хорфорд.
Годинашниот „Ол-стар“ натпревар ќе се одржи на на 18 февруари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи