Дали конечно е решена мистеријата за легендарното бегство од Алкатраз?!

Бегството од Алкатраз во 1962 година е една од најголемите мистерии во САД: Што се случи со тројцата мажи што го изведоа најкомплексното бегство? Бегалците, браќата Џон и Клеренс Енглин и Френк Морис, исчезнаа во ноќта и никогаш не беа пронајдени.

 

Теории за нивната судбина имало многу повеќе отколку доказите што се пронајдени. Тоа бегство од затворот, кое е поставено и во филмот „Бегството од Алкатраз“ со Клинт Иствуд, се смета за еден од најголемите вакви подвизи во историјата.

 

Во официјалниот извештај за бегството стои дека затворениците се удавиле во ладните води на заливот додека се обидувале да стигнат до копното.

 

 

Но дали едно писмо конечно ќе ја реши мистеријата стара 55 години? Мистериозно писмо, наводно напишано од еден од тројцата бегалци од озлогласениот затвор Алкатраз, беше објавено, пет години откако ѝ било пратено на полицијата на Сан Франциско.

 

Писмото е потпишано од лице кое тврди дека е Џон Енглин, кој во 1962 година успеа да избега од островот заедно со брат му Кларенс и со Френк Морис. До денешен ден, тие остануваат на листата најбарани луѓе во САД.

 

„Моето име е Џон Енглин. Побегнав од ’Алкатраз‘ во 1962 година со својот брат Кларенс и Френк Морис. Имам 83 години и сум во лоша состојба. Боледувам од рак. Вистина е, успеавме да побегнеме таа ноќ, но едвај. Ако објавите на телевизија дека ветувате дека ќе одам во затвор не повеќе од една година и ќе добијам медицинска помош, ќе ви пишам повторно да знаете каде сум. Ова не е шега“, стои во писмото.

 

Од ФБИ коментираат дека ова писмо е најсвеж доказ за бегството од затворот, па агенцијата повторно ќе го отвори овој случај. Писмото ѝ е испратено на полицијата во Сан Франциско во 2013 година. Според информациите во него, Френк Морис починал во 2008 година, а братот на Џон 3 години подоцна.

 

 

Правосудната полиција, единствената што во овој момент го истражува случајот, известила дека од ФБИ ги анализирале отпечатоците од прстите на писмото и направиле ДНК-анализа, како и анализа на ракописот, но резултатите не биле целосни. Авторот на писмото навел дека многу години по бегството живеел во Сиетл. Исто така, споменал дека живеел во Северна Дакота 8 години, а во моментот кога го пишувал писмото живеел во Јужна Каролина.

 

Кога би биле живи, Френк Морис денес би имал 90 години, Џон 86, а Клеренс 87 години.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи