35.000 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазици

Рекордни 35.000 амандмани за Законот за употреба на јазиците најавува опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Службите на Собранието работат со полна пареа, а дел од опозициските пратеници се во собраниската архива каде на лице место ги потпишуваат амандманите.

 

Од Собранието велат дека се подготвени да ги сработат забелешките на опозицијата и навремено да ги достават до сите пратенички групи, во пресрет на седницата закажана за во понеделник на која е ставен повторно на дневен ред Законот за употреба на јазиците откако претседателот Иванов стави вето.

 

Според процедурата, секој амандман може да се образложи три минути. Мнозинството најавува дека ќе се групираат, но и дека ќе бараат начин да ја ограничат процедурата.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.