Богатство пронајдено на брод потопен во 1857 година оди на аукција

Златни прачки, златници и златна прашина вредни повеќе од 50 милиони долари – најголемото загубено богатство во историјата на САД кое што лежело на дното на океанот цели 150 години, наскоро ќе биде ставено на продажба.

 

3,100 златници, 45 златни прачки и 36 килограми златна прашина – богатството било откриено во 1988-ма година во остатоците од бродот „Централна Америка“, а сега се наоѓа во импровизирана лабораторија јужно од Лос Анџелес, САД.

 

Ова злато со децении се чистеше рачно од песокот насобран на златниците и прачките кои што лежеле на длабочина од 2,135 метри. Сега, тие конечно заблескаа и идниот месец за прв пат ќе бидат претставени пред јавноста.

 

 

Парабродот „Централна Америка“ носел вреден плен на „Калифорниската златна грозница“ кога во 1857-ма година потонал после ураганот кој што го погодил брегот во близина на Јужна Каролина.

 

Во бродоломот животот го загубиле 425 луѓе, а со бродот потонала и голема количина на калифорниско злато, по што настанала „економска паника“. Големото богатство ќе биде изложено во Конгресниот центар јужно од Лос Анџелес во февруари.

 

Богатството ќе биде ставено на продажба, а како што се проценува, дури и најмалиот златник може да достигне цена од еден милион долари благодарение на факторот на раритет и историјата која што стои зад него, откри Двајт Манлеј, менаџер на компанијата „Калифорнија Голд Маркетинг Груп“ која што ќе го организира претставувањето на богатството, а потоа и аукцијата.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien