ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Во затвор лежат луѓе кои ја бранеа Македонија, а се ослободуваат луѓе со утврдена вина

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и денеска не присуствуваше на работата на 8-мата седница на Советот на Општина Прилеп поради како што рекоа добро познати причини, неоснованиот притвор на лицата за настаните од 27 април.

 

 

Нивната изјава дадена по напуштањето на седницата ја пренесуваме во целост.

 

„Денеска на сила стапува законот за амнестија со кој се ослободуваат луѓе со правосилна пресуда и утврдена вина, а во затвор лежат луѓе на кои единствена вина им е тоа што си ја бранеа Македонија и Уставот на РМ. Иронијата е уште поголема што хунтата ги празни затворите за да ги дополни со нови недолжи луѓе.

 

На денешната седница од страна на Советот на Општина Прилеп по предлог на ЈП за ПУП, се носи одлука со која се донесува одлука за бесплатен превоз на пензионери секој ден од 9 до 11 часот кој е уште еден доказ дека граѓаните се повторно излажани и тоа само за добивање на гласови и седнување во удобните фотелји.

 

Кој пензионер ќе го користи градскиот превоз во ова време и дали одлуката ќе важи за лица кои ја имаат потребната возраст, а не ги исполниле условите за пензија или за лица кои го оствариле законското право на пензионирање, а немаат 62 односно 64 години ?

 

Можеа ако работат во интерес на граѓаните во одредении денови да воведат, како што ние имавме предложено во нашата програма, целодневно бесплатно возење на овие граѓани. Но не, истите само се служат со манипулации кои ги дадоа пред граѓаните во предизборието.

 

Истовремено ја информираме дека ова претпријатие нема распишано тендер за набавка на нафта па прашуваме, од каде ја набавуваат нафтата.

 

Истото се случува и со наголема врата најавуваните проекти како што се градба на нов театар, здравствено-рекреативен центар со покриен базен во сала Македонија, рекреативен центар на вештачкото езеро, за кој немаат предвидено ниту денар во општинскиот буџет.

 

Потенцирам дека ова е само политика, демек воведуваат бесплатен превоз за пензионери и тоа од 9 до 11 часот, но сето тоа е само една фарса позната на СДС.“, рекоа од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien