ВИДЕО – „Пофалба на лудоста“ – првата професионална претстава на „Чин 4, Сцена 5 “

„Пофалба на лудоста“ од Еразмо Ротердамски е најновата и прва професионална претстава на училиштето за театар од Прилеп „Чин 4 Сцена 5“. Тоа ќе биде монодрама која ќе ја игра актерот Милан Секулоски. Премиерата на претставата треба да се случи некаде кон крајот на март или почетокот на април. Актерот Секулоски вели дека идејата за поставување на „Пофалба на лудоста“ и соработката со училиштето за театар од Прилеп „Чин 4 Сцена 5“ дошла за време уште кога народниот театар „Војдан Чернодрински“, каде игра и Секулоски, ја подготвувал претставата „Клетници“ во режија на Мартин Кочовски.

 

 

„Тематиката која ја обработува Еразмо Ротердамски ми е многу блиска, таа сатира која ја практикува во самиот текст ја обожавам, во разговор со Саша се согласив да ја одиграм таа улога и да ја поставиме претставата. Експериментираме и да се надеваме дека ќе направиме една убава претстава. За да објаснам како од тоа време на Ротердамски тематиката ја прилагодивме на денешно време би искористил една реплика на Грантер од „Клетници“ – „Историјата е само повторување, еден плагијат на друг. Многу работи се случуваат, а ништо не се менува“. Еразмо Ротердамски ги обработува буквално сите општествени проблеми како што се од проблеми во социјалата, црквата, владеачките ешалони и слично. Овој текст се занимава буквално со се. Комплетниот текст е некаде 90 страници, ние извадовме околу 12 – 13 страници и гледавме да опфатииме по малку до се. Тука ја има секоја аномалија на едно општество“, истакна актерот Милан Секулоски.

 

Училиштето за театар од Прилеп „чин 4 Сцена 5“ постои над 10 години и низ него поминале над 800 членови.

 

„Од оваа година театара „Чин 4 Сцена 5“ реши конечно да започне да се занимава со својата дејност на вистински правец, а тоа продукција на независни, приватни, професионални претстваии. Покрај „Пофална на лудоста“ веќе имаме зацртано во нашата репертоарска политика некаде за на есен да имаме премиера на една претстава, на еден драмски текст на еден наш прилепски автор, тоа е Маринко Шлакески, тоа е неговиот магистерски труд „Бегство“ со кој тој магистрираше на факултетот за драмски уметности во отсек драматургија. Веќе сме во преговори со некои актери од страна кои би дошле како гости. Како училиште продолжуваме со нашите активности, еве сега на покана хрватскиот конзулат од Битола на 24, 25 и 26 февруари во општина Херцеговац во Хрватска ќе настапиме со една претстава од еден американскиот автор која се вика „Десет начини како да преживееш зомби апокалипса“, а куриозите е тоа што претставата ќе ја играме на хрватски јазик“, изјави Саша Нацевски, основач на училиштетот за театар „Чин 4 Сцена 5“ од Прилеп.

 

Училиштето веќе започна уписи за нови членови, кои ќе бидат поделени во 4 возрасни категории. Заинтересираните кои сакаат да го посетуваат ова учиилиште може да се обратат секој работен ден од 10 до 13 и од 18 до 20 часот во просториите на училиштето кои се наоѓаат во домот за култура „Марко Цепенков“ на втори спрат во поранешна „Сцена 105“.

 

Повеќе околу оваа најнова претстава и ова училиште за театар погледнете во интервјуто со Милан Секулоски и Саша Нацевски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien