„Попјулар Механикс“: Кремљ развива нуклеарно оружје од 100 мегатони

Русија работи на развој на најмоќното нуклеарно оружје производено во последниве половина век со јачина од 100 мегатони, тврди американскиот научен часопис „Попјулар Механикс“, повикувајќи се на документ на Пентагон.

 

Според магазинот, станува збор за „ново интерконтинентално подводно нуклеарно автономно торпедо“, чиј развој е во рамки на програмата „Кањон“.

 

Документот на Пентагон посочува дека станува збор за „океански повеќенаменски систем Статус-6, чие постоење прв пат е споменато по „протекувањето“ на информација на руската државна телевизија „Канал 1“ на 10 ноември 2015 година.

 

Станува збор за систем, кој западните медиуми го нарекоа „оружје на судниот ден“, кое наводно било по грешка снимено за време на средба на рускиот претседател Владимир Путин со воениот врв во Сочи.

 

Сајтот „Вашингтон Фри Бејкон“, меѓутоа, тогаш објави дека „инцидентот“ бил намерен, со цел „да се одвратат САД од распоредување проектили во Европа“, на што Русија категорично се противи.

 

Неименуван претставник на Пентагон тврди дека во ноември 2016 година руската армија извршила тестирање на системот од проектот „Кањон“ во реонот на Арктикот.

 

Според податоците на Пентагон, „Кањон“, кој би требало да биде подготвен за оперативна употреба во 2020 година, е оружје способно да „содаде цунами бранови високи и до 500 метри“ и да контаминира со радијација огромни подрачја.

 

Оружјето е замислено како систем за одвраќање од напад, но би можело да се користи и за напади врз противнички територии. Тоа би било лансирано од подморници од понов тип, воведни во руската армија во 2012 и 2014 година, при што една подморница би можела да носи по четири проектили, наведува „Попјулар Механикс“.

 

Според списанието, иако наликува на торпедо, сепак не станува збор за класичен проектил, туку за „минијатурна роботска автономна подморница“, со дострел од 10.000 километри и брзина на движење од 100 километри на час.

 

Русија досега во неколку наврати го негираше постоењето или развојот на тој тип оружје.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи