Бомбастичен трејд во НБА: Блејк Грифин замина во Детроит

Вчера вечер се случи најнеочекуваната сензација во НБА лигата. Блејк Грифин, заштитниот бренд на ЛА Клиперс, си замина и отиде преку трансфер размена во редовите на Детроит.

 

ЛА Клиперс и Детроиот Пистонс договорија голема трампа. Блејк Грифин, Брајс Џонсон и Вили Рид се селат во Детроит, а во спротивен правец одат најдобриот стрелец на Пистонс Тобијас Харис, Ејвери Бредли и српскиот центар Бобан Марјановиќ. Покрај тоа Клиперс доби по еден пик во првата и втората рунда на драфтот.

 

Ваквиот потег на помалку популарниот тим од Лос Анџелес е изненадувачки со оглед на тоа дека изминатово лето тие го наградија Блејк Грифин со нов пет годишен договор вреден околу 173 милиони долари.

 

Целта на овој потег на Клиперси преставува ослободување на финансии за селари-кап лимитот. Тоа значи дека заминувањето на Грифин во Детроит ќе ослободи цифра од селари-капот, колку што изнесуваше петгодишниот договор на крилниот центар, односно 173 милиони долари.

 

Тие ќе се преориентираат на млади играчи и талентирани пикови од драфтот, и веќе се најавува дека тимот ќе го напуштат и Деандре Џордан и Лу Вилијамс.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien