ВИДЕО: Пустината го „голта“ напуштениот град на дијамантите во Намибија

Колманскоп во Намибија е град на духови од 1954 година. Тогаш го напуштиле последните жители, главно рудари кои работеле во блискиот рудник за дијаманти.

 

Во последните шест децении го прекриваат наноси од песок од пустината Намиб, која во Африка зазема подрачје од 50.000 квадратни километри.

 

 

Врвот на популарноста овој град го имал во дваесеттите години од минатиот век, кога се собрале околу 1.200 жители, локални работници од племето Овамбо, но и германски колонисти.

 

Многубројни жители се населиле во овој град откако рудникот Захаријас Левала пронашол дијаманти на ова подрачје, и откриено е дека тоа подрачје крие многу дијаманти.

 

Поради големото богатство, изграден е град во европски стил, а имал електрани, болници и спортски сали како и коцкарници и куглани. Бил поврзан со железница со приморскиот град Лудерица.

 

 

По Првата светска војна залихите дијаманти полека почнало да ги снемува, а жителите почнале да бараат друга работа.

 

Колманскоп денес е најпопуларниот намибиски град на духови и голема туристичка атракција. Со оглед на тоа дека се наоѓа во заштитено подрачје по име Шпергебит, посетителите мора да имаат посебна дозвола за влез во градот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien