Кражба на чоколада вредна 400.000 евра

Две приколки, натоварени со 44 тони чоколада, исчезнаа во петокот вечерта од индустриска зона во Фрајбург и полицијата не може да ги пронајде крадците, пренесуваат локалните медиуми. Чоколадата е во вредност од 400.000 евра.

 

Една приколка била откриена во саботата, влечена од полски камион, кој застанал на пауза во близина на границата помеѓу Германија и Франција. Чоколадата е пронајдена во иста состојба, но возачот успеа да избега.

 

Втората приколка е пронајдена во близина на границата со Франција, но недостасуваат две третини од чоколадата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien