Манчестер Сити го комплетираше трансферот на Лапорт

Лидерот во Премиер – лигата, Манчестер сити го реализираше трансферот на Емерик Лапорт. „Граѓаните“ исплатија 57 милиони фунти на Атлетик Билбао за францускиот дефанзивец, што претставува нов клупски рекорд, додека фудбалерот стави потпис на пет ипол годишен договор.

 

„Многу сум среќен што доаѓам во Сити. Овој клуб е клуб со огромни амбиции, еден од најдобрите во Европа. Јас сум пресреќен што ќе работам со Пеп Гвардиола и ќе се обидам да му помогнам на клубот да ги оствари зацртаните цели и успеси. Многу ми значи тоа што Сити покажува голема доверба и трпение во мене и едвај чекам да почнам со работа“, рече Лапорт на промоцијата.

 

Инаку овој трансфер е рекорден за Сити, затоа што досегашниот рекорд беше на белгиската ѕвезда Кевин Де Бруин. Со доаѓањето на Лапорт, Сити сега има одбрана вредна 300 милиони евра, откако летоска го купија најскапиот десен бек – Кајл Вокер за 50 милиони евра.

 

Ајмерик Лапорт  е шесто засилување за Манчестер Сити за оваа сезона, прво во јануарскиот преоден рок.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien