Помпео: Кина е исто голема закана за САД како што е Русија

Кинеските напори за прикриено влијание врз Западот се исто толку загрижувачки како и руската субверзија, смета директорот на ЦИА, Мајк Помпео.

 

„Кина има многу поголем капацитет за спроведување на тајни операции, отколку Русија“. изјави Помпео во интервју за Би-Би-Си, говорејќи за обвинувањата за руско влијаење врз американскиот политички процес.

 

Помпео исто така вели дека очекува Русија да се обиде да влијае на изборите за американскиот Конгрес оваа есен. Американските разузнавачки агенции сметаат дека Москва се мешала во претседателските избори на САД во 2016 година.

 

Според директорот на ЦИА, западните држави заедно можат да сторат повеќе за спротивставување на кинеските напори за влијаење врз Западот. Помпео изјави дека Кина инфилтрирала свои агенти во многу сектори на американското општество, во образованието, здравството и во големите корпорации и систематски работи на крадење доверливи податоци.

 

„Гледаме многу фокусирани напори за кражба на американски информации, пенетрација во САД на шпиони – луѓе кои ќе работат за владата на Кина против Америка. „Ние го гледаме тоа во нашите училишта, тоа го гледаме во нашите болници и медицински системи, го гледаме низ корпоративната Америка, исто така е вистина и во другите делови на светот… вклучувајќи ги Европа и Велика Британија“, додаде Помпео.

 

Првиот човек на ЦИА воедно предупреди дека Русија не го намалува темпото на своето влијание во американската политика и веројатно ќе се обиде да влијае и на изборите за Конгресот во ноември. Американската Демократска партија тврди дека руското влијание било пресудно за изборот на Доналд Трамп за претседател во 2016 година.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien