Бугарија почнува истрага за потеклото на парите на богаташите

Facebook
Twitter
Email
Print

За да ѝ покажат на Европската Унија дека се сериозни во борбата против корупцијата, бугарските обвинители вчера соопштија дека ќе го истражат потеклото на парите на богатите Бугари што поседуваат луксузни недвижности или автомобили.

 

Главниот обвинител вчера нареди истрага што ќе трае три месеци за потекло на парите на Бугарите кои во 2015 и 2016 година купиле имот во вредност повеќе од половина милион лева или околу 255.000 евра. Таа, според бугарските медиуми, веќе е започната во Софија.

 

На мета се и сопствениците на луксузни автомобили, откако полицијата и даночната агенција соопштија дека некои од нив можеби се вмешани во затајување данок или перење пари, пренесува Ројтерс.

 

Обвинителите досега откриле 365 Бугари кои имаат купено недвижности поскапи од 255.000 евра во текот на 2015 и 2016 година.

 

Во Бугарија просечната плата е околу илјада лева, односно околу 500 евра.

 

Според податоците на полицијата, над 450 Бугари поседуваат луксузни автомобили како мерцедес мајбах, бентли, ферари, ролс ројс и ламборџини.

 

Бугарија, која во моментов претседава со ЕУ, е под притисок да му покаже на Брисел дека се преземаат мерки против организираниот криминал и дека се залагаат за владеењето на правото, пишува Ројтерс.

 

Поради слабите резултати во борбата против политичката корупција, Бугарија не ги доби неопходните странски инвестиции, а слабите резултати се и главната причина зошто сѐ уште не се примени во Шенген зоната, заклучува британската агенција.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи