ВИДЕО – ВМРО – ДПМНЕ : 100 дена само лаги и реваншизам на градоначалникот Илија Јованоски

Поминаа првите 100 дена од изборот на Илија Јованоски за градоначалник на Општина Прилеп! Поминаа срамежливо, штуро, во молк, завиени во квази партиската пропаганда на секторот за односи со јавност на општината кој пробува да прикрие огромен неуспех на градоначалникот да реализира било каков проект во интерес на граѓаните. Истакна на денешната прес конференција претседателот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„И ете јавноста нестрпливо очекува да слушне што Илија Јованоски сработи во изминатиот период, освен што формира оддел за пропаганда и креира нова веб страна на општината која ја користи како излитен партиски медиум. Дали градоначалникот го направи животот на граѓаните подобар или донесе живот за него подобните од кои дел удобно ги вдоми во општината, а дел по јавните претпријатија, можат најдобро да оценат прилепчани.

 

Сите помпезно и горделиво најавени проекти се распаднаа како кула од песок. Нема затворен базен, нема вработувања според професионализам и квалификации, младите не се вратија назад, нема економски прогрес на општината, нема поддршка за спортот, нема стадион, неа транспарентност и отчетност, нема уредено вештачко езеро, нема вода и струја за сограѓаните Роми од населбите Три Багреми и Мексико, нема плата од 30.000 денари… Едно големо ништо!!!

 

Има само несмасни празни ветувања. Има партиски отпуштања и реваншизам, поставување на неспособни кадри по партиска линија, има граѓански парламент по мерка на градоначалникот и слаткоречиви изјави исполнети со лаги и потценување кон сопствените граѓани а многу наскоро ќе има двојазичност, двојазични табли и патокази, казни и вработувања по основ на законот за двјазичност. Граѓаните не се чувствуваат безбедно, се палат објекти и автомобили, се рекетираат локалните бизниси и се заплашуваат и шиканираат неистомислениците.

 

Градоначалнику Јованоски,

 

Граѓаните успеаа да ве прочитаат многу брзо. Се соочија со реалноста дека наредните 4 години општината не само што ќе стагнира, туку и ќе започне да назадува и во економски и во социјален и во демократски контекст.

 

Ја жртвувате работата на јавните институции и квалитетот на услуги кои ги добиваат граѓаните по цена на инсталација на партиски неподобни кадри. Го жртвувате спортот во Прилеп и иднината на младите.

 

Успеавте да ги натерате сите кои ве гласаа горко да се покајат, зошто се што им ветивте не им исполнивте.

 

Не ви држи муабетот дека она што сте наследиле ќе го поправате во наредните 4 години. Таквиот став е доказ дека сте ги излагале граѓаните и проектите кои ги ветивте во предизборието не сте ни имале намера да ги остварите.

 

Чесно е да им признаете дека немате нити желба, а нити капацитет да ги остварите и така нереалините ветувања кои ги дадовте.

 

Младите нема да престанат да се иселуваат, економијата нема да расте, образованието нема да се подобри а децата од градинките ќе продолжат да добиваат храна со возило кое не исполнува нити еден стандард за достава на храна. Нема да има нови проекти, нема да има напредок. Ќе има само популистички изјави и фотосесии од градоначалникот кој нема да донесе живот за Прилеп и Прилепчани.

 

Граѓаните тоа нема да го заборават и нема да дозволат иднината на нивните деца да ја уништуваат луѓе вљубени во функционерски фотељи.

 

Градочалник, земете работете. Не манипулирајте, 4 месеци поминаа, а вие пустош од градов направивте.

 

Граѓаните не ве избраа да им кажувате и да ги подучувате како се слават Коледе и Бадник. Не тие тоа многу добро си го знаат. Од вас очекуваат тоа што го ветивте и да го реализирате.

 

Но за жал ништо од сето тоа, Прилеп се враќа пред 2001 година“, истакна Ристески.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien