Апанажа од 1000 евра за петмина членови на ДИК

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Петмина од досегашните членови на ДИК, односно досегашниот претседател на Комисијата, Александар Чичаковски, членовите од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев, Субхи Јакупи од ДУИ, како и Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ поднеле барања за апанажа. Сашо Срцев, поранешен член од ВМРО ДПМНЕ и независните членови Реџеп Прекопуца и Атанас Урумов не побарале да им се доделуваат државни средства.

 

Тие ќе земаат апанажа една година бидејќи овој состав на Комисијата помина повеќе од две години, а сумата што ќе ја добиваат е колку нивната месечна плата, приближно илјада евра. Барањата за апанажа ги поднеле пред еден повеќе од еден месец до собраниската Комисија за избори и именувања.

 

Оставките на членовите на ДИК дојдоа по големиот јавен притисок кој беше предизвикан кога амбасадорот Бејли обелодени дека си поделиле 12 бонуси за изминатите изборни циклуси. Членовите на ДИК се правдаа дека одлуката е законска, но подоцна сепак подлегнаа под притисокот за морална одговорност. Дел од нив изјавија дека парите ќе ги вратат во буџетот.

 

Од деветчлената комисија, единствена која не даде оставка по скандалот е Ермира Асани Салија од Беса која го замени Бедредин Ибраими непосредно пред локалните избори. Таа изјави дека не гласала и дека не чувствува одговорност, а приликата ја искористи и за да се пожали дека е материјално оштетена бидејќи не и биле исплатени патни трошоци.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи