Венгер после 22 години си оди од Арсенал ?

Facebook
Twitter
Email
Print

Арсен Венгер има договор со Арсенал уште две години, но медиумите во Англија веќе пишуваат дека ова ќе биде последна негова сезона како предводник на „топчиите“.

 

Венгер од 1996 година е на клупата на Арсенал, минатата сезона доживеа голем неуспех откако не го пласираше тимот во Лигата на шампионите. А и оваа сезона ќе биде тешко да заврши меѓу најдобрите четири.

 

Многу од фановите на тимот веќе неколку сезони сметаат дека е дојдено вистинско време за тренерска смена и за промена во трансфер политиката на клубот.

 

Според последните информации, најблиску до клупата на Арсенал е германскиот селектор Јоаким Лев кој по завршувањето на СП ќе ја напушти клупата на „панцирите“. Лев се споменуваше и како можен кандидат за клупата на Реал Мадрид, но сега Арсенал испаѓа како посериозен кандидат за неговите услуги.

 

Амбициозниот стратег како тренер ги водел екипите на Фраунфилд, Штутгарт, Фенербахче, Карлсруе, Адануспор, а беше помошник и на Клинсман кога тој беше селектор на Германија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи