Изминатава ноќ во Америка убедливо највозбудливиот натпревар се одигра во Денвер, каде домашниот тим со тројка со звукот на сирената успеа да ја урне Оклахома и да слави со 127:124.
Клучната тројка ја постигна Харис, но сепак човек на мечот беше фантастичниот Србин Никола Јокиќ кој го запиша својот втор трипл-дабл на втор меч во низа. Јокиќ беше лидер на својот тим во трилер победата со 29 поени, 14 аситенции и 13 скокови, а со својата разновидна игра ги остави во втор план Пол Џорџ и Расел Вестбрук кои на спротивната страна уфрлија 43, односно 20 поени.
Најновото засилување на Детроит Пистонс, Блејк Грифин, веднаш се вклопи во тимот е беше најдобар поединец во победата од 104-102 над Мемфис.
Иако одработи само еден час тренинг со своите нови соиграчи по големиот трејд, Блејк Грифин покажа што можат „Клиповите” да очеквуаат од него. Тој на паркетот помина нешто над 35 минути и реализираше 24 поени, а придодаде и 5 асистенции и 10 скокови.
НБА резултати:
Детроит – Менмфис 104:102
Вашингтон – Торонто 122:119
Минесота – Милвоки 108:89
Сан Антонио – Хјустон 91:102
Денвер – Оклахома 127:124