Ердоган во прва посета на Ватикан

Facebook
Twitter
Email
Print

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на повик на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско в недела ќе отпатува во дводневна официјална посета на Ватикан.

 

Канцеларијата за односи со јавноста на турскиот претседател соопшти дека Ердоган и Папата ќе се сретнат во Ватикан и ќе разговараат за билатерални и регионални теми. Во соопштението се наведува дека турскиот претседател ќе се сретне и со ватиканскиот државен секретар, кардиналот Пјетро Паролин.

 

Главните теми на состанокот на Ердоган со папата Франциско ќе бидат билатералните односи меѓу Турција и Ватикан, како и регионалната криза, статусот на Ерусалим, ситуацијата во Сирија, проблемите со ксенофобијата и исламофобијата во светот, борбата против тероризмот и други прашања.

 

По посета на Ватикан, Ердоган во Рим ќе одржи и работен ручек со италијанскиот колега Серџо Матарела, а потоа и со шефот на италијанската Влада Паоло Џентилони.

 

Ова е прва посета на еден турски претседател на Ватикан по речиси 60 години. Последен ваква посета оствари третиот турски претседател Џељал Бајар, кој во Ватикан се сретна со папата Јован Дваесет и втори во април 1960 година, кога Турција вопоставува дипломатски односи со Ватикан, а во 1962 година ја отвара и својата амбасада во Светата столица.

 

Турција од тогаш ја посетија неколку поглавари на Римокатоличката црква – во 1967 година во земјата допатува папа Павле Шести, во 1979 година папата Јован Павле Втори, во 2006 година папата Бенедикт Шеснаесетти, а во 2014 година – папата Франциско.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи