Кубанските државни медиуми известуваат дека најстариот син на поранешниот лидер Фидел Кастро извршил самоубиство на 68-годишна возраст.
Весникот „Гранма“ денеска пишува дека на 1 февруари Фидел Кастро Дијаз-Баларт „кој неколку месеци бил во придружба на група доктори поради неговата состојба на длабока депресија, утрово изврши самоубиство.“
Фидел Кастро Дијаз-Баларт, беше познат како „Фиделито“ или Малиот Фидел поради блискоста со неговиот татко, кој имаше 11 деца, се вели во официјалните информации.
Кастро Дијаз-Баларт студирал нуклеарна физика во поранешниот Советски Сојуз и работел како научен советник во Државниот совет на Куба. Бил потпретседател на Кубанската академија на науките. Претходно ја водел својата нуклеарна програма.
Автор е на 11 книги и над 150 научни трудови за нуклеарната физика, енергетските технологии и нивната поврзаноста со науките за животната средина, како и за иновации и управувања со знаењата.
Тој е син на првата сопруга на Фидел Кастро, Марта Дијаз-Баларт Гутиерес, жена од аристократијата на Куба со која Фидел се оженил во својата младост, пред почетокот на револуционерната борба која подоцна ги донела него и неговиот брат Раул на власт.