Петмина загинати при судир на воени хеликоптери во Франција

Facebook
Twitter
Email
Print

Најмалку 5 лица загинаа при уривање на два воени хеликоптери на југот на Франција во блзина на Сен Тропе. Несреќата, како што пренесуваат француските медиуми, се случила кај езерото Карс.

 

Ројтерс пренесува дека властите во југоисточниот регион Вар соопштија дека хеликоптерите и припаѓале на воените школи за обука на пилоти и до несреќата дошло по претходен судир на двете летала.

 

„Во леталата имаше по три члена на екипажот. Телата на пет жртви се пронајдени, а уште еден член на екипажот останал заглавен под остатоците од хеликоптерот“, соопшти полицијата од градот Брињол.

 

Истрагата за судирот на хеликоптерите е во тек.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи