ВИДЕО – Царкњас : Заев да биде многу внимателен кога преговара со Ципрас, не треба да прифаќа ништо

Денеска во Прилеп во организација на граѓанската асоцијациија „НЕ-ИМА“ – Наоционално – културна и Европска интеграција на Македонскиот народ се одржа семакедонски собир на кој што присуствуваа здруженија на македонците од балканските држави.

 

 

На собирот присуствуваше и архимандритот Никодим Царкњас од Грција, борец за правата на македонското малцинство кое живее во оваа држава. Царкњас истакна дека во моментов најголемите проблеми околу употребата на името Македонија во Грција ги прави грчката црква, но додаде и тоа дека не верува дека и премиерот Ципрас има искрени намери кон Македонија и македонскиот народ.

 

„Грчката црква за жал манипулира со народот, го информира погрешно за македонскиот проблем и не им ја кажува вистината. Тие отсекогаш сакаа тука да го погрчат народот. Утре во Атина ќе се собере голема маса на народ, а тој собир не го организира државата туку црквата, која ги плаќа сите трошоци за тој собир. Затоа незнам колку ќе се успее во тоа што сега се обидуваат да го постигнат двете влади. Но ние треба да бидеме внимателни тука во Македониија затоа што незнам колку се искрени Грците, а најмногу премиерот Ципрас бидејќи тој соработува со една екстремистичка партија. И јас како македонец и свештеник знам дека и левите направија голема катастрофа врз нашиот народ. Нашиот народ го заколија најмногу комунистите во 48-ма година кога се измисли т.н. граѓанска војна за да се исчисти македонскиот народ од Егејска Македонија. И затоа немам доверба во Ципрас. Тој сака Грција да биде држaвата која ќе го раководи Балканот со идејата на Венизелос“, истакна архимандритот Никодим Царкњас.

 

Според Царкњас Грција моментално сакала преку економијата да ја асимилира Македонија. Тоа било главното нешто за кое сега се зборувало во Грција, токму поради тоа му порача на нашиот премиер Зоран Заев да биде многу внимателен кога преговара со Ципрас.

 

„Сакам да и порачам на Владата на господинот Заев да биде внимателна во преговорите и да процени колку е искрен Ципрас во своите намери. За мене не е. Пред да се сретне со Заев на телевизија зборува дека не постои македонска нација и народ, а потоа на средбите зборува друго. Да било ГорнаМакедонија, да нема етнос Македонци, да нема нација Македонци. Сакаат да ни се прават кумови. Нашата влада не треба да прифати ништо“, додаде Царкњас.

 

Според Царкњас Грција воопшто не размислува да ги признае Македонците таму.

 

„Грција вели дека ние не постоиме таму, не сака да ни даде никакви права, а Европа за сето тоа молчи. Треба секој слободно да се изразува што сака да биде и никој не смее во тоа да го спречува. Јас од мал живеам во Грција ние таму не смееме да го зборуваме нашиот јазик, не смееме да слушаме наша музика. Во Грција нема никакви права“, потенцираше Царкњас.

 

Царкњас истакна и тоа дека жали што МПЦ-ОА и Архиепископот Г.Г. Стефан не го интересирало ништо околу овие проблеми.

 

„Г.Г. Стефан го интересира само белата шамија, да ви биде жив и здрав и јас сум под него, но треба да го кренат и тие знамето и да го спасат македонскиот народ и јазик. Не само да одат кај Бугарија и да прифаќаат дека имаме бугарска историја. Ние си имаме наша историја, Бугарите се Татари. Тракијците и Македонците се исти народ. Срамота е да кажуваме дека имаме бугарски корени. Св. Кирил и Методиј му ги даваме на Бугарите, срамно, тие се родени во Солун не во Софија“, рече Царкњас.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи