„Единствена Македонија“: Кој ќе го промени името нема да стигне ниту до границата при обидот за бегство од државата

Facebook
Twitter
Email
Print

„Поминаа два дена од јавната осуда на Единствена Македонија за целосното обезличување на македонскиот народ, договорено во Давос, Швајцарија меѓу Алексис Ципрас и Зоран Заев. Меѓутоа, од македонската владата и натаму молк, иако потврдата дојде и од грчкиот министер Коѕијас со неговото признание за решение за името според договорот од Давос кое опфаќа седум точки: промена на името, идентитетот, јазикот, трговската употреба, акронимите и знаците, промена на уставот, пасошите и личните карти… велат во соопштението од „Единствена Македонија“

 

„Го потсетуваме Заев дека нема мандат од македонскиот народ за негово обезличување и дека спорот за името не е прашање на една влада или на една партија, туку на македонскиот народ.

 

Оттука, Единствена Македонија го повикува Заев да не се плаши од македонскиот народ и да каже што договорил во Давос со грчкиот премиер Ципрас.

 

Ова од причина што, Единствена Македонија располага со сознанија дека било кој од политичките елити и пошироките општествени фактори во Македонија се согласи на промена на вековното македонско име, во такво случај нема да успеат да стигнат ниту до државната граница при нивниот обид за бегство од Република Македонија.

 

Единствена Македонија ја користи приликата најдобронамерно да го посоветува Заев да не наседнува на ефтини трикови од одредени експертски и професорски кругови во земјата за промена на името а кое нешто ќе се заборавело по два-три месеци“, се вели во соопштението на „Единствена Македонија“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи