ВИДЕО – Вработените во „Еурокомпозит“ го блокираа патот Прилеп – Скопје, се сомневаат и дека директорите краделе од фирмата

Вработените во прилепската фирма „Еурокомпозит“, денеска го блокираа патот Прилеп – Скопје кај месноста „Заполшки мост“. Истакнаа дека и покрај неколку дневните апели до државата и владата никој не се одзвал на нивните барања и затоа морале да превземат вакви ригорозни мерки. Останувата на своите барања, исплата на 16 заостанати плати ии проднеси кои не им се исплатени од јуни 2012 година. Исто така бараат итна средба со премиерот Зоран Заев. Вработените истакнаа и дека имале притисоци да не го одржат овој штрајк.

 

 

„Како што кажавме, не не сфатија сериозно досега ни Владата, ни директорите. Со никој немаме преговарано досега. Еве како што гледате се собравме на патот Прилеп-Скопје и продолжуваме со нашите протести сè додека не најде слух некој да не слушни и да не разбери, да знаеме што понатаму. Засега остануваме овде и секој ден ќе ги продолжуваме протестите, а планираме во овие неколку дена да одиме и до Скопје пред Влада. Барањата се истите, исплата на бруто плата и исплата на заостанатите плати и придонеси од 2012 до денес. Од самиот почеток ја бараме средбата со претставници од Владата, но досега никој ни се нема јавено. Имавме притисоци од раководителот на композитна опрема, имавме телефонски јавувања да се повлечиме, да не штрајкуваме, но не успеаа, не подлегнавме на тие провокации“, рече Роберт Богданоски, претседател на синдикална организација.

 

Богданоски исто така истакна дека се сомневаат дека директорите Александар Кузески и Тони Дукоски краделе пари од „Еурокомпозит“ преку сомнителни трансакции на фирмата на Дукоски, поради што поднесле и кривична пријава против двајцата.

 

„Имаме доставено кривична пријава до МВР и до основното јавно обвинителство и бараме да се испита оваа пријава и доколку се виновни да одговараат. Се сомневаме за трансфер на некои големи суми на пари, префрлани од една на друга фирма, на некоја непостоечка фирма сопственост на Тони Дукоски, раководителот на композитна опрема. Се работи некаде за околу 90.000 евра. Парите се префрлани од „Еурокомпозит“ на „Композитна опрема“ и од „Композитна опрема„ на „Ројал логистик интернационал“, село Велгошти, Охрид. Тие пари се авансирани од Владата, а дел се сработени и испорачани материјалите од наша страна. Значи излезени од нашава фирма“, додаде Богданоски.

 

Вработените потенцираа дека не планиираат понатаму да работат за 5.000 денари, колку што изнесувале дневните трошоци за пат на директорот Кузески.

 

„Ако може да се преиспита работењето на раководните органи од 2008 година до ден денес, да видиме колку имаат сработено, а колку пари се проневерени. Кој како дојди, ние ќе сработиме, а тие земи ги парите и замини си. Пари се земаат, а нас пари не ни даваат. Затоа сме денес тука“, кажа

 

 

Претставникот на гранковиот синдикат СИАР, Лазар Ангелески истакна дека иако поминале 4 дена од почетокот на штрајкот за жал досега немало никакви реакции од другата страна, односно од раководството на фирмата и од сопственикот на фирмата, т.е. државата.

 

„За жал како што реков другата страна досега нема воопшто на никаков начин реагирано, освен со поединечни контакти со вработените. Се надевам дека ова сериозно ќе биде сфатено, бидејќи на луѓето им е преку глава оваа состојба. Изјавата дека треба да работат за 5.000 денари не е сериозна. Во оваа држава постојат закони и секој работник треба да зема месечно барем 12.000 денари, согласно последниот закон за минимална плата. Така да, би било добро да се почнат преговорите и во најскоро време да се бара излез, бидејќи очигледно е дека за оваа фирма има излез. Да нема излез сигурно и луѓето нема вака да се малтретираат по патиштава“, истакна Ангелески.

 

Според него на вработените преку глава им било од лажни ветувања и порачува дека овој проблем мора да се реши.

 

„СИЕР по моите сознанија се обидува да воспостави контакти и во комуникација е со Владата за да дојде до средби, особено ако работниците се одлучат да протестираат во Скопје би требало да има некаква средба, на која што конкретно ќе бидат понудени решенија, а не како досега со некои магловити ветувања дека фирмата ќе се продава. Фирмата се продава преку 20 години, па никој ниту ја продал досега, ниту има намера да ја продава, ниту пак има некои вистински заинтересирани купувачи“ додаде Ангелески.

 

Вработените во „Еурокомпозит“ истакнаа дека ќе и во наредните денови ќе продолжат со штрајкот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи