Одбележан Светскиот ден на борба против ракот

По повод 4 февруари, Светскиот ден на борбата против ракот, Центарот за јавно здравје од Прилеп денеска спроведе акција под мотото „Ние можеме. Јас можам“, како и истражувањеза можноста секој поединец или колектив да го даде својот придонес во намалувањето на глобалниот товар од ракот.

 

„Можеме да кажеме дека малигните заболувања постојано се во пораст. Во 2010 година, во Македонија од рак умреле 3.705 лица, а во 2016 година бројот на починати е зголемен на 3.882 лица. Мажите двапати почесто умираат од карцином. Кај нив најчеста причина за смрт од малигни неоплазми е малигната неоплазма на бронхиите и белиот дроб, со стапка на морталитет која се движи околу 65 починати на 100.000 мажи годишно. Кај жените најчеста причина за смрт е малигната неоплазма на дојката“, посочи д-р Аксиња Гарбеска Кебакоска.

 

Ракот во моментот е причината за еден од шест смртни случаи на глобално ниво.

 

„Токму по тој повод, денеска во просториите на компанијата „Комфи Ангел“ ќе имаме предавање на тема „Превенција на малигни заболувања“,сѐ со цел  да ги запознаеме вработените во фирмата за малигните заболувања, кои се најголемите ризик фактори и како од истите треба да се заштитиме“, изјави д-р Кебакоска.

 

Крајната цел не само на здравствените институции, туку и на сите нас, е преземање превентивни мерки за намалување на бројот на заболени од рак и обезбедување подобар квалитет на животот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи