ВИДЕО – Неделковски : Тутунарите да не потпишуваат договори со откупувачите се додека не добиеме повисоки цени

Ние како Сојуз на тутунарски здруженија на Македонија веќе имаме оформено тим кој преговара со откупувачите и ги замолувам тутунарите да не ги предаваат белите картони затоа што никој од компаниите кои откупуваат тутун сеуште немаат доставено до Сојузот договори и цени со договорите. Ова денеска во Прилеп го изјави претседателот на Сојузот на тутунарски здруженија на Македонија, Кире Неделковски. Неделковски рече дека надева дека ќе се постигнат повисоки цени.

 

 

„Ние бараме да се потпкренат цените за по 30 денари по класа и да се доближат ценовно класите кои сега се со голема разлика. Сакам да кажам дека излезе голема забуна околу евидентните листови или бели картони, оваа година ќе се продолжи со вадење на бели картони. Сојузот и Министерството имаме формирано работна група со која работиме на нов закон и нов правилник за проценка на тутунот, затоа оваа година важат белите картони, но ги замолувам тутунариите да не ги предаваат додека не добиеме повисоки цени од откупувачите“, истакна Неделковски.

 

Тој додаде и тоа дека тутурите истакнуваат голема благодарност до Владата и Министерството за земјоделство што им излегле во пресрет и што на тутунопроизводителите за оваа година им овозможиле да земат повисоки субвенции.

 

„Субвенциите за 2017 година реколта ќе изнесуваат 80 денари за килограм тутун прва класа, 70 денари за втора, а третата и четвртата класа ќе добијат по 60 денари субвенција. Според проценките на Сојузот на тутунарски здруженија на Македонија имаме околу 9 милиони килограми откупени во 1 класа, 13 милиони во 2 класа, 1,5 милиони во трета и само 200 тони во 4 класа. Значи овие субвенции важат за 2017 година за тутунот кој што веќе е предаден и се надеваме да продолжиме со соработката со министерството за земјоделство и се надеваме дека по завршувањето на законскиот рок со откупот на тутунот ќе започнеме со исплата на субвенцијата“, додаде Неделковски.

 

Според него имало зголемен интерес за производство на тутун и се надеваат дека оваа година ќе има за 2 до 3 милиони килограми повеќе тутун за разлика од лани. Моментално имало 9 откупувачи, Центротабак се откажал, но во игра влегла новата компанија Мирсијан.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи