Анѓушев: За два месеца осум нови инвестици во ТИРЗ, вредни 75 милиони евра

Facebook
Twitter
Email
Print

Во последните два месеци по претставувањето на програмата на владата за економски раст има нови осум инвестиции во ТИРЗ во вкупна вредност од 73,5 милиони евра што ќе отворат 1.570 нови работни места, информираше  вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

 

Договори се потпишани со компаниите „Мурат виринг системс“ за инвестиција од 4,5 милиони евра со 300 вработени, „Џемдаш лајтинг Еуропа“ кој ќе инвестира четири милиони евра и ќе вработи 200 лица, „Кеслер“ два милиони евра со 80 лица, „Доган отомотив“ ќе вложи еден милион евра во капацитет во кој ќе работат 30 лица, „Саген“ со инвестиција од 20 милиони евра и 250 вработувања, „Чагатај кабло“ шест милиони и 300 вработени, „ВИК“ исто така шест милиони евра со 60 вработени и „Костал“ кој ќе ги прошири своите капацитети со инвестиција од 30 милиони евра во која ќе вработи нови 350 лица.

 

„За шест месеци ќе има 30 нови договори со странски инвестироти“, додаде Анѓушев.

 

Тој истакна дека сето тоа е направено со 0 денари трошок за промоција и маркетинг. За споредба, рече тој, во претходните 7 години привлечени се 23 инвестиции за кои беа потрошени 225 милиони евра.

 

Проблем кој го наследила владата во ТИРЗ е тоа што ниту една од овие зони не е завршена со соодветна инфраструктура или ако ја има не е во функција. Владата во Буџетот предвидела средства за нејзино финиширање.

 

„Во многу од зоните пристапната и комуналната инфраструктура не е целосно изградена и за оваа намена издвоени се над 400 милиони денари оваа година. Мора да излеземе од виртуелниот свет, да ги презентираме работите такви какви што се и да преземаме чекори за надминување на проблемите “, појасни вицепремирот.

 

До крајот на март се очекува да се донесе законот за финансиска помош на инвеститорите со кои се изедначуваат домашните и странските инвеститори.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи