Пеналот на Роналдо за кој сите зборуваат – генијалност или случајност?

Facebook
Twitter
Email
Print

Кристијано Роналдо ја разбранува фудбалската јавност и крена голема дебата со голот кој го постигна од пенал откако на успорена снимка се забележува дека топката мистериозно отскокнува пред тој да шутира.

 

Многумина пишуваат дека ова е чудо, но АС нуди логично објаснување. Весникот вели дека Роналдо со левата нога силно удира на теренот, тревата вибрира до тој степен што топката се подигнува точно во моментот кога играчот со десната нога шутира.

 


 

Ваквата теорија е во склоп и со изјавата на Рио Фердинанд, кој истакна дека ЦР7 овој трик често знаел да го изведе на тренинзите во Манчестер јунајтед.

 

„Ова го правеше на тренинзите. Не знам дали имаше намера и сега да го изведе истото, но знаеше да го направи ова во Манчестер јунајтед. Ви се колнам, изгледа лудо, но го правеше тоа“ – вели Рио Фердинанд кој настапуваше покрај Роналдо во дресот на „Ѓаволите“.

 

 

Отскокнувањето на топката не го изненади Роналдо, неговиот шут беше перфектен, па се чини дека тој знаел точно што прави и ова е една негова мала генијалност.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи