Иванов и Радев иницираат склучување договор за стратешко партнерство

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателите на Македонија и на Бугарија, Ѓорге Иванов и Румен Радев, на денешната средба во Скопје се согласиле да иницираат потпишување договор за стратешка соработка меѓу двете земји.

 

На заедничката прес-конференција по средбата, Иванов рече дека по потпишаниот Договор за добрососедство кој многу ќе придонесе за развој на севкупната билатерална соработка, би било добро Скопје и Софија да склучат и договор за стратешко партнерство, какви што Македонија има со САД и со Турција.

 

Осврнувајќи се на Договорот за добрососедство, Иванов оцени дека тоа е најсилен доказ оти во македонскиот Устав нема никакви одредби за територијални претензии или за иредентизам. Потсети дека Бугарија била првата земја што ја призна Република Македонија под уставното име и изрази благодарност за поддршката од Софија за македонските аспирации за ЕУ и НАТО. Рече дека е реално да се очекува за време на бугарското претседавање со ЕУ, Македонија да добие датум за почеток на преговорите, како и покана за членство во НАТО.

 

Бугарскиот претседател Радев ја оцени како многу важна иницијативата за склучување договор за стратешко партнерство, додавајќи оти ќе ја пренесе до Владата во Софија.

 

За Договорот за добрососедство рече дека не треба да остане само мртво слово на хартија, туку да биде незапирлив процес што ќе се унапредува. Бугарија секогаш била еден од најсилните поддржувачи на Македонија за ЕУ и НАТО. Но, има уште многу да се сработи во разни сфери, а Бугарија е подготвена да и помогне во тоа на Македонија, кажа Радев.

 

Двајцата претседатели, како што истакнаа на прес-конференцијата, разговарале и за регионалната соработка, инфраструктурното поврзување, економските одбноси,…

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи