Погба незадоволен во Јунајтед, медиумите го поврзуваат со трансфер во Реал

Facebook
Twitter
Email
Print

Последните шпекулации од Англија велат дека Пол Погба би можел да го напушти Манчестер јунајтед во летниот преоден рок и да се пресели во Реал Мадрид.

 

Работите за Погба во Манчестер јунајтед не се одвиваат најдобро, тој беше еден од најслабите во поразот од Њукасл, а дополнително играчот постојано има недоразбирања со Мурињо.

 

Многумина за лошите настапи на Погба го обвинуваат Мурињо кој го игра повлечено во средниот ред, како организатор на играта. За тоа критики упатија и легендите на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, Пол Сколс и Гери Невил, но Мурињо истакна дека Погба е фудбалер кој фантастично се снаоѓа на сите позиции и дека нема намера да ја менува неговата сегашна позиција.

 

„Можам да сфатам зошто Погба се чувствува иритирано за позицијата на која го игра Мурињо. Тој сака да има допири со топката, сака да напаѓања, тој не беше купен за да игра како деструктивец и последен играч за врска. Тоа не е местото на кое ужива и каде го дава најдоброто од себе. Не знам зошто Жозе инсистира да го игра на тоа место. Сигналите кои ги испраѓа Погба јасно укажуваат на тоа дека не е среќен, и ако продолжи да се чувствува така, тој ќе си замине од Јунајтед ова лето“, смета легендарниот Пол Инс.

 

Исто така според медиумите, Погба не е задоволен и со својата плата која што ја зема во моментот во дресот на Манчестер Јунајтед, особено по доаѓањето на Алексис Санчез, кој добива дупло повисока плата од Французинот.

 

Англиските медиуми пишуваат дека таквата ситуација будно ја следи Реал Мадрид и е подготвен да понуди 135 милиони евра за Пол Погба.

 

Што ќе биде со Французинот останува да почекаме уште неколку месеци па да ја дознаеме неговата иднина.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи