Регулаторната комисија ги корегираше цените на нафтените деривати, и реши бензините и дизелот да се точат по поевтина цена од 2,5 денари од ноќеска на полноќ.
Имено, почнувајќи од полноќ во наредните две недели овие ќе бидат цените на горивата :
– ЕУРОСУПЕР БС-95 – 65,50 ден/лит
– ЕУРОСУПЕР БС-98 – 67,00 ден/лит.
– ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – 57,00 ден/лит,
– Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 45,50 ден/лит.
Намалување има и кај цената на мазутот која ќе изнесува 27,856 ден/кг.
115