Хуманитарен велеслалом во Маврово

Шеснаесетта година по ред во Ски Центар Маврово се одржа аматерскиот велеслалом кој традиционално е настан со хуманитарен карактер.

 

Оваа година собраните средства во вредност од 10 илјади евра беа донирани на Здружението за хумано- општествен развој ПРОЕКТ СРЕЌА со цел помагање и унапредување на животниот стил, едукацијата, забавата и здрави животни навики кај оние категории граѓани кои тоа им е отежнато од различни причини.

 

„Како пријатели на среќата, 54 екипи скијаа за среќата на општеството и оние на кои таа им е најпотребна, скијаа за среќата на децата во 2018 година. На настанот беа присутни над 150 учесници и уште толку посетители кои ги бодреа своите тимови, што за нас претставува мотив за продолжување на традицијата и неуморно креирање интерес за хуманоста и остварување многу хумани цели“ – вели Петар Младенов, маркетинг директор на Ски Центар Маврово.

 

Годинава настанот привлече 54 тима од најголемите компании во Македонија, кои се натпреваруваа во неколку категории мажи, жени, борд и спорстки забавни игри на снег.

 

„Традиционално средствата од котизацијата на тимовите Ски Центар Маврово ја донира во хумани цели. Годинава добитник на средтствата е нашето здружение Проект Среќа. Бескрајно сме благодарни на укажаната доверба, и ги уверуваме дека средствата ќе стигнат на вистинско место. Сите добиени сретства нашето здружение ќе ги намени за летниот камп Шарено Лето 2018, наменет за деца кои живеат во сиромаштија. Минатата година на овој камп учествуваа 40 деца, а годинава ќе учествуваат 120 деца од цела Македонија. Им благодариме на сите поединци и компании кои ни ја даваат нивната поддршка, бидејќи без нив нашата мисија би била невозможна.“ – велат од здружението Проект Среќа.

 

Група скијачи решија да уживаат во ноќно скијање на падините на Бистра во Маврово, но со малку поинаков декор и во навивачка атмосфера. Со факели во рака се спуштаа по скијачката патека и го „запалија“ Маврово со прекрасна кореографија.

 

 

Мора да признаеме Маврово изгледа прекрасно во ваква атмосфера!

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien