Во Јапонија ќе се гради највисокиот дрвен облакодер на светот

Јапонските архитекти ги открија своите планови за изградба на највисокиот облакодер од дрво на светот. Изградбата на кулата висока 350 метри која ќе биде лоцирана во центарот на Токио ќе чини 5,9 милијарди долари.

 

Од проектантското биро Никен Сикеи велат дека главната идеја е до 2041 година со изградба на вакви згради и населби од дрво, јапонската престолнина да се трансформира во еколошки град-шума.

 

„Сумитомо форестри“ објави дека за изградба на 350 метри високиот облакодер од 70 спратови, под ознака W350, би биле потребни 180.000 кубни метри дрво, а само 10% би биле метал. Тој ќе има 8.000 станови, при што на секое ниво ќе има дрвја и зеленило на терасите, а кровот ќе биде уреден како градина. Благодарение на структурата од цевки, тој ќе биде заштитен од стандардните земјотреси во Токио.

 

“Новите технологии овозможија дрвото да стане идеален материјал бидејќи е обновливо и може да се рециклира”, истакнува архитектот Рикардо Тосани.

 

Проектот ќе чини 600 милијарди јени (четири милијарди долари), со што ќе биде двојно поскап од класичните облакодери со таа големина, но компанијата очекува трошоците да паднат до планираното завршување на изградбата во 2041 година.

 

Иако актуелните прописи за граджништво во Токио забрануваат употреба на дрво, најавена е промена на законот.

 

Кога проектот ќе биде завршен, овој облакодер ќе биде највисокиот од ваков тип во светот. Тој рекорд моментално го држи зграда во Ванкувер, која е висока 53 метри. Во Виена исто така во тек е изградба на дрвена кула, чија вкупна висина ќе изнесува 84 метри.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи