Вонредна седница во ООН за прекин на огнот во Сирија

Facebook
Twitter
Email
Print

На вонредната седница за Сирија, одржана во Советот за безбедност во Њујорк, беше заклучено дека земјата се соочува со хуманитарна катастрофа, која можела да се предвиди и да се спречи.

 

Специјалниот пратеник на Обединетите Нации, Стефан де Мистура, денеска повика на итен прекин на огнот во Сирија за да се запре со ужасното бомбардирањето на опколената источна Гута и гранатирањето на Дамаск.

 

Шведска и Кувајт доставија предлог-резолуција, која предвидува 30-дневен прекин на огнот, како и пристап до источна Гута на хуманитарните работници. Во регионот има стотици жртви и повредени, додека другите немаат основни услови за живот. Во местото Хараста, 80 проценти од луѓето живеат под земја. Светските лидери побараа итен прекин на огнот.

 

Во меѓувреме, воени авиони на сириската влада поддржани од Русија ја погодија бунтовничката енклава на источна Гута, при што загинаа најмалку пет лица, според изјави на опозиционерски активисти и набљудувачи.

 

Вчера, САД жестоко ги критикуваа Русија и Иран во врска со бомбардирањето на источната Гута.

 

Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Хедер Нуерт, изјави дека кај Русија е „целокупната одговорност“ за смртта на повеќе од 400 луѓе убиени од страна на сирискиот режим во населба во Дамаск.

 

„Без поддршката на Сирија од Русија, уништувањето и смртта сигурно немаше да се случат“, рече Науер.

 

За да помине резолуцијата потребни се девет гласови без никој од петте постојани членки на советот, Русија, Кина, САД, Велика Британија или Франција, да стави вето вето.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи