ВИДЕО – Прилепчанец загина во тешка сообраќајна несреќа во близина на излезот од Прилеп за Битола

Триесет и седум годишниот З.Р. од Прилеп попладнево загина во тешка сообраќајна несреќа која се случи на излезот од Прилеп кај Паркот на Револуцијата.

 

Според првичните информации, од СВР Битола информираат дека до несреќата дошло кога од засега непознати причини возилото Опел Вектра со прилепски таблици кое го управувал З.Р., движејќи на регионалниот пат од Битола кон Прилеп, уривајќи ја банкината паднало од надвозникот кој се наоѓа кај влезот за Прилеп. Во моментот на несреќата З.Р. бил сам во возилото.

 

Во моментов екипите на Јавниот обвинител и полицијата вршат увид на лице место, а телото треба да биде извадено од возилото со помош на противпожарните екипи.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи