Студен бран: Македонија во портокалова фаза

Поради студениот бран, Македонија е во портокалова фаза. Ослободување на бремените жени и лицата над 60 години од работа и реогранизација на работното време од 10 до 16 часот со повремени паузи од 30 минути, во топли простории на секои 2 часа за работниците кои работат на отворено, препорачува Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови.

 

Апелира да се избегнува физичка активност на отворено, носење топла повеќеслојна облека, консумација на топли напитоци и редовно земање на терапија кај хронично болните лица.

 

Со соопштение излезе и ССМ и побара заштита на работниците од студениот бран и почитување на препораките од Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови.

 

Метеоролозите за утре најавуваат дожд, а викендот значително затоплување.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien