Уапсени се 25 припадници на најголемата мафија во Италија – Ндрангета

Италијанската полиција приведе 25 припадници на мафијашката организација Ндрангета и заплени пет тони дрога, чија вредност се проценува на десетина милиони евра.

 

Како што пренесуваат италијанските медиуми, од 25-те уапсени, во притвор се задржани 11 припадници на мафијата. Меѓу нив се и локални шефови кои што се обвинети за организирање на канал за криумчарење на дрога преку кој што марихуаната од Албанија била испраќана во Италија, а потоа и понатаму кон западна Европа.

 

Италијанската полиција соопшти дека шефовите на мафијата воспоставиле контакт со криминалци од Албанија, организирале производство на марихуана и други наркотици и на разни начини ја внесувале во Италија. Останатите седум лица се пуштен во домашен притвор.

 

Освен 5-те тони марихуана, во акцијата биле запленети и четири глисери, као и еден камион, пренесуваат италијанските медиуми.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien