ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Агонијата во која се наоѓа РК Прилеп ја потврдува желбата на Јованоски да го пензионира градот

Денес е сабота, ден кој во минатото во Прилеп беше празник на спортот. Терминот до 18:30 часот беше резервиран за посета на храмот на ракометот, универзалната сала на Тутунскиот комбинат. Многу таленти, професионалци, репрезентативци, легенди кои скоро целиот свој живот го посветиле на ракометот на нашиот и ваш ракометен клуб, на правилниот развој на вашите и наши деца. Рекоа на денешната прес конференција на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Пресот го пренесуваме во целост.

 

„Со гордост и нескриено задоволство можиме да кажиме дека Вие, народот од Прилеп вчера барем до крајот на сезоната го спасивте ракометот во градот.

 

Очајнички управата на ракометниот клуб пробувала да го моли градоначалникот да го спаси клубот. Веќе кога одделува 72 илјади денари месечно, за таканаречени пи-ар експерти, зошто тогаш да нема пари за ракометот.

 

Бидејќи беа тотално игнорирани, официјално клубот лиферуваше соопштение дека ракометот во Прилеп згаснува. Спротивно на сите пресови на градоначалникот со ракометните легенди, за европскиот спорт во Прилеп, спротивно на пресовите на Заев со истите, на кои ве лажеа дури и за спортски пензии. Лагите на оваа локална, кулминираа со замирањето на ракометот.

 

Но со ваша помош, со помош на сите љубители на спортот, а најмногу благодарение на упорниот претседател на клубот, на РФМ, за среќа полусезоната ќе биде доиграна. Не знаеме како, бидејќи во клубот нема повеќе играчи. Преодниот рок заврши на 28.02., но се надеваме дека ќе се спаси тоа што може да се спаси.

 

Оваа постапка и агонија во клубот ја потврдува само единствената желба на градоначалникот да го пензионира градот, а со тоа и спортот во него.

 

За крај го замолуваме него, а и тие што стоеја зад него на пресовите, а денес се функционери, денес одговор на пресот да дадат во затворениот базен во сала Македонија, што безсрамно ви го ветуваа“, рекоа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи