ВИДЕО – Џудо клубот „Бушидо“ од Прилеп се врати со 10 медали од меѓународниот турнир во Војводина

Џ.К. „Бушидо“ од Прилеп уште еднаш докажаа дека се еден од најперспективните и еден од најдобрите џудо клубови во Прилеп и Македонија. Викендов тие по трет пат учествуваа на меѓународниот турир во Србобран, Војводина, по покана од Џ.К. „Турија“, од каде се вратија со 10 медали. Тренерот Рубин Пеески, истакна дека годинава поразлично било тоа што „Бушидо“ на турнирот присуствувале со својата трета екипа, односно со помладите пионери и пионери родени 2004 до 2008 година.

 

„За разлика од изминатите две години, оваа година, организаторот го подигна натпреварувањето на професионално ниво, каде настапија најдобрите и најспремните мали џудисти од цела Србија. Прилепскиот џудо клуб ги одбра своите 10 најдобри клубски џудисти и уверени во себе тргнаа по медали. По 12 часови патување стигнавме во Србобран и иако изморени од долгиот пат џудистите покажаа вистинска зрелост и професионалност, иако зборуваме за мали деца кои имаат по 12-13 години. Како одминуваа борбите, кои беа премногу тешки, тие на крајот успеаа да се закитат со 10 медали“, изјави Рубин Пеески, тренер на џудо клуб „Бушидо“.

 

 

Меѓу наградените се :

 

Девојки :

 

  • Ема Димитриоска 2 место
  • Мартина Јанкоска 3 место
  • Стефанија Петреска 3 место
  • Елеонора Илиоска 3 место

 

Момчиња :

 

  • Кај момчината најмногу изненади Христијан Здравески, кој како почетник со багаж зад себе од 5 месеци го освои 2-рото место
  • Филип Петроски 3 место
  • Миле Грижоски 3 место
  • Филип Попоски 3 место
  • Лука Филипоски 3 место
  • Кристијан Маѓероски 3 место

 

ЗНАЧИ ОД 10 НАТПРЕВАРУВАЧИ ОСВОЕНИ СЕ 10 МЕДАЛИ !

 

 

„Вториот од посетата беше планирана за дружење и забава и заеднички тренинг со домаќинот Џ.К. „Турија“ и Романската Џудо Екипа. Имавме добро другарување, покажување на своите вештини, каде по којзнае кој пат македонските џудисти ги покажаа своите вештини. Беа доделени награди и поклони од Џ,К. „Бушидо“ на сите гости во што помогна и Општина Прилеп со свои материјали“, додаде Пеески.

 

На крајот од посетата после 3 години соработка и помагање, круна на се беше тоа што се збратимија двата клуба Џ.К. „Бушидо“ од Прилеп и Џ.К. „Турија“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien