Властите отворија истрага за смртта на Давиде Астори

Главниот обвинител на Удине, Антонио де Николо, изјави дека е отворена кривична постапка по смртта на 31-годишниот италијански фудбалер Давиде Астори  поради сомневања за убиство.

 

„Отворивме кривична постапка поради можност за убиство од небрежност. Тоа е неопходен чин. Засега е отворена постапка против непознато лице. Договоривме аутопсија и наскоро ќе бидат објавени резултатите“, рекол Де Николо за италијанскиот радио „Раи“.

 

Обдукцијата ќе биде извршена утре по што ќе се знае точната причина за смртта на Астори, кој почина во сон во хотелот во Удине, пред натпреварот со Удинезе во Серија А.

 

Тој вчера изјави дека е изненаден од смртта на Астори затоа што станува збор за професионален спортист.

 

„Чудно е да се случи ваква смрт кај еден професионалец. Не постојат никакви знаци дека имал проблеми со срцето. Засега не обвинуваме никого. Ова е само вообичаена процедура“, додаде Ди Николо кој ги истражи сите кои имале контакт со Астори до фаталниот момент.

 

„Виолетовите“ истакнаа дека Астори починал во сон, но дека причините се непознати. Стоперот на Фиорентина на 7 јануари го прослави 31. роденден. За националниот тим забележа 14 настапи во кои постигна и еден гол со кој Италија го освои третото место на Купот на конфедерации во 2011 година. Беше дел од експедицијата на „азурите“ и при нивното гостување во Скопје против Македонија во квалификациите за Светското првенство во Русија ова лето.

 

Астори ќе биде погребан в четврток во Фиренца.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien