Могерини: Време е да се залечат старите рани, Западен Балкан колективно може да стане дел од ЕУ

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини порача дека Западен Балкан географски е дел од Европа, но и дека колективно може да стане дел од Европската Унија.

 

„Време е да се залечат раните од минатото и да се преземат нови чекори за да се гарантира стабилноста во регионот и цела Европа“, напиша Могерини на својот личен блог.

 

Таа истакна дека сите шест балкански партнери на ЕУ имаат единствена можност „да стават крај на поделбите во Европа и да го обединат континентот“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien