ОУ „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари го одбележа својот патрон празник

ООУ „Страшо Пинџур“ во населено место Мало Коњари денеска одбележува 103 години од раѓањето на својот патрон, како и 63 години од постоењето на  училиштето.

 

За патрониот празник учениците подготвија богата културна програма на која преку рецитали, драмски изведби, танци … го претставија живот и делото на народниот херој, Страшо Пинџур.

 

 

„Денеска се навршуваат 63 години од постоењето на  училиштето и 103 години од раѓањето на  нашиот патрон Страшо Пинџур. И денес ние се трудиме да постигнеме значајни резултати во сферата на воспитно-образовниот процес водејќи се од нашата визија и мисија да станеме познато рурално училиште што со своите образовни кадри  ќе конкурира на пазарот на трудот“, посочи Ирена Кироска в.д директор на ООУ „Страшо Пинџур“.

 

И Општина Прилеп и Министерството за образование и насока даваат поддршка на кадрите во училиштето, со цел нивно активно вклучување во реализирање на многу проекти, што ќе придонесат за подобрувањето на квалитетот на наставата и образованието на секоја генерација основци.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien