Техеран: Иранската нуклеарна програма ќе биде целосно одбранбена

Иранската балистичка ракетна програма не претставува закана за ниту една држава, изјави денеска секретарот на Иранскиот врховен национален совет за безбедност Али Шамкани на средба со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан во Техеран.

 

Шамкани исто така рекол дека иранската нуклеарна програма ќе биде целосно одбранбена.

 

Тој додал дека европските потписници на нуклеарниот договор постигнат меѓу Техеран и големите сили во 2015 година “не треба да прават лоши отстапки на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го критикуваше договорот“.

 

Ле Дриан пред посетата на Техеран му порача на Иран дека мора да ја отстрани загриженоста на меѓународната заедница во врска со програмата за балистички ракети, во спротивно ризикува против земјата да бидат воведени нови санкции.

 

„Постојат балистички програми за ракети кои можат да стигнат и повеќе илјади километри далеку, а тие програми не се во согласност со резолуциите на Советот за базбедност на ОН и ги надминуваат рамките на потребата за одбрана на иранските граници“, изјави Ле Дриан за францускиот весник „Журнал ду Диманш“.

 

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Јукија Амано изјави дека неуспехот на договорот меѓу Иран и шесте светски сили од 2015 година со кој се ограничи нуклеарната програма на Техеран би бил голема загуба.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien