Уште еден параглајдинг натпревар закажан за ова лето во Крушево

„Нордик опен 2018“ е уште еден меѓународен параглајдинг натпревар кој, меѓу другите, ќе се одржи ова лето во Крушево. Натпреварот е закажан за 26-ти август и ќе треае до 1-ви септември 2018 година.

 

Покрај „Нордик опен“ за ова лето закажани се и „Полиш лајт“, Европско првенство во змајарство, „Крушево опен“, Британскиот шампионат и други.

 

Од Општина Крушево потенцираат дека активно се подготвуваат за што е можно попрофесионално и безбедно одржување на овие натпревари.

 

„Не очекуваат десетици меѓународни парглајдинг и натпревари во змајарство и активно работиме на професионално и безбедно одржување на натпреварите и на привлекување што е можно поголем број на туристи ова лето. Ова ќе биде исполнето лето за Крушево.“, изјави Градоначалникот Христоски.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien