Ставре Јада со нови меѓународни успеси – прво место на натпревар во Грција

Македонскиот репрезентативец Ставре Јада го освои првото место со 76 ФИС поени натпреварот, кој викендов се одржа во Мецово, Грција. Јада вели дека ова било најдобар постигнат резултат од постоењето на нордиското скијање во Македонија.

 

„Во саботата имаше спринт трка на 1,2 км. каде стигнав до финале и на крај завршив на 4-тата позиција. А во неделата поради немање на доволно снег трката од 10 се премести на 5 км. Се чувствував добро и доволно мотивирано за да на крај сето тоа резултира со освоено прво место и 76 ФИС поени. Уште во првиот километар ги стигнав фаворитот во трката Апостолиис Ангелис од Грција кој на крај заостана 7 секунди зад мене“, изјави Јада.

 

Јада моментално се наоѓа во Маврово каде за 2 дена треба да започне 55-тиот Мавровски меморијал на падините на Бистра. На овој меморијал ќе учествуваат Бугарија, Србија, Грција, Романија, Македонија и Луксембург, додека БиХ и Турција го откажале присуството.

 

„Се чувствувам доволно подготвен да го дадам максимумот на двете трки кои се долги по 10 км. во среда и во четврток. Потоа патувам за БиХ каде од 10-ти до 14-ти март имам 4 балкански натпревари, а потоа на 17-ти и 18-ти во Бугарија во Боровец ме очекуваат завршни ФИС балкански натпревари“, додаде Јада.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи