Аутопсијата потврди: Астори починал од срцев удар

Аутопсијата ги потврди првичните претпоставки за смртта на Давиде Астори кој беше пронајден мртов во неделата наутро во неговата хотелска соба во Удине. Капитенот на Фиорентина починал од срцев удар што италијанските медиуми го наведоа како причина уште во првите објави на трагичната вест. Астори го предаде срцето на спиење на 31 годишна возраст.

 

Аутопсијата покажала дека пулсот на Давиде Астори прогресивно се намалувал се додека срцето не престанало да чука. Во извештајот се вели дека последица за починувањето на Астори е срцева смрт без макроскопски докази, проследена со неколку срцеви удари кои за жал најпрво го забавиле работењето на круцијалниот орган, се додека комплетно не застанало. Од извршената аутопсија е само потврдено дека станува збор за неколкукратни удари кои направиле срцевата криза да резултира со природна смрт.

 

За да се открие вистинската причина зошто всушност срцето на Астори сопре на само 31-годишна возраст, ќе се извршат и длабински хистолошки прегледи чии реултати ќе треба да бидат готови во рок од 60 дена.

 

Телото на италијанскиот фудбалски репрезентативец ќе биде пренесено од Удине во Фиренца во текот на утрешниот ден и во договор со семејството ќе биде изложено во „Коверцијано“, тренинг центар на „виолетовите“ каде граѓаните, навивачите и пријателите ќе може да му оддадат последна почит. Погребот е закажан во четврток во базиликата „Санта Кроче“ во 10 часот.

 

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) донесе одлука за едноминутен молк пред почетокот на мечевите во Лигата на шампиони и во Лига Европа во оваа недела во знак на почит кон прерано починатиот централен дефанзивец на Фиорентина.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien