Кока Кола за прв пат ќе произведува алкохолен пијалок

„Кока-кола“ отвора ново поглавје и почнува да го произведува својот прв алкохолен пијалок, за прв пат во своите 130 години постоење, пишува „Business Insider“. Компанијата во моментов експериментира со производство на популарен јапонски тип на алкохол, т.н. Чу Хија, ароматизирана газирана вода, измешана со локалниот алкохолен пијалок наречен „шочу“.

 

„Тоа е пијалок во лименка што содржи алкохол. Традиционално, се прави од алкохол наречен ‘шочу‘ и газирана вода, плус некоја арома. Досега не сме експериментирале во алкохолната категорија, но ова покажува дека сакаме да испитуваме можности надвор од нашите основни области“, рече Хорхе Гардуњо, претседател на „Кока-Кола“ во Јапонија.

 

Чу Хија  обично содржи помеѓу 3 и 8 отсто алкохол и се смета за алтернатива на пивото и е особено популарен кај жените.

 

Сè уште не е објавено кога новиот производ ќе се појави на пазарот, а истиот ќе биде наменет исклучиво за јапонскиот пазар, па е малку веројатно да се прошири на глобално ниво, поради уникатните и специфични карактеристики на јапонскиот пазар.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien