Три нови оставки во Антикорупциска

Покрај претседателот на Антикорупциската комисија Игор Тантуровски и Горан Миленков, денес оставки до Собранието поднесоа и членовите Жаклина Дамчевска, Сејди Халили и Фадие Алиу.

 

Јавноста очекува и останатите двајца членови, Сузана Таскова Аџикотарова и Најдо Спасевски, исто така да си поднесат оставки по скандалите кои што излегоа на виделина за лажираните сметки за патни трошоци и ненаменското трошење на буџетски пари.

 

Од Владата немаат став што понатаму ќе се случува со ова тело.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien