ВИДЕО – Унијата на жени при О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп го честиташе меѓународниот ден на жената

Денес, на меѓународниот ден на жената 8-ми март, Унијата на жени при општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го одбележуваме со подарок со свежо цвеќе на жените од нашиот град. Со ова мало внимание сакаме да им оддадеме почит и признание на жената мајка, жената стожер на семејството, жената борец. Истакнаа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„И покрај тоа што се поминати повеќе од 100 години откако ги уживаме овие права и слободи, а јас би рекла и одговорности, сепак се уште е потребно сите заедно со силен глас и горно крената глава да ја продолжиме борбата.

 

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму силно ќе се залага за поголемо вклучување на жените во процесите на одлучување и носење на одлуки, како во самите партии, така и во целокупното општество.

 

Денес да бидеме горди што сме жени. Денес да бидеме мудри, достоинствени, храбри и силни, а истовремено грижливи и внимателни.

 

Нека е честит 8-ми март на сите жени од Прилеп, а истовремено сакам да им честитам 8-ми март на сите Македонски, каде и да се“, рекоа од Унијата на жени при О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien