Во петок 9 март 2018 во 19.00 часот во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела од ликовната колонија НИЖО ПОЛЕ.
Триесетина дела од 16 уметници од Македонија, Србија и Бугарија, се дел од изложбата од 18 издание на меѓународната колонија Нижо поле, што последните години традиционално се одржува на Молика, каде уметниците творат вдахновени од убавините на Пелистер.
117